Голем пожар над манастирот „Свети Никола“ во Прилепец, жителите молат за помош

Вечерва голем пожар се шири над манастирот Свети Никола во прилепското село Прилепец. Жителите молат да се заштити манастирот од големиот пожар, но силниот ветер дополнително го разгорува огнот.

Алармантна исто така е и ситуацијата кај селото Крушевица за каде исто така од Општина Прилеп упатија апел до граѓаните кој може итно да замине таму за да се спаси самото село.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.