САМОУБИСТВО ИЛИ НЕСРЕЌА: 15-годишно момче падна од катна гаража, починало на лице место

На улицата до катната гаража „Разловечко востание“ во центарот на Скопје, спроти Градскиот трговски центар (ГТЦ), синоќа било пронајдено безживотното тело на 15-годишно момче кое најверојатно паднало од катната гаража.

15-годишен малолетник починал по пад од катна гаража во центарот на Скопје.

Безживотното тело на момчето било пронајдено на улицата до катната гаража „Разловечко востание“ која се наоѓа пред Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.

На терен биле полициски екипи кои извршиле увид за утврдување на деталите и причините за овој трагичен настан.

Од МВР засега не откриваат повеќе детали за трагедијата, објави Плусинфо

Според дел од медиумите на интернет кружела и фотографија која момчето ја споделило пред падот.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.