ОДЗЕМЕНИ КАМИОНИ, ТРАКТОРИ, НЕЛЕГАЛНО СЕЧЕНО ДРВО И ФАТЕНИ КРАДЦИ: Михаилов „иако е празник, нема одмор“
Денеска, недела 8 септември, прекинат е огромен континуиран ланец на кража на дрвни сортименти кои оперираа на територијата на општина Кичево. Одземени се камиони, трактори, поголема количина нелегао посечена дрвна маса и на лице место се заловени поголема група на луѓе кои учествувале во овие криминални активности.
Ова денеска го објави Кире Михаилов, заменик генерален директор на Национални шуми кој изразам благодарност до МВР и шумочуварски служби од ЈП “Македонски Шуми” кои во денешнава акција покажаа огромна професионалност, желба и решителност да се справат со секаков вид криминални дејанија кои се случуваат на територијата на Македонија.
Честит нека ни е денот на независноста,вековита да ни бидеш МАКЕДОНИЈО – напиша Михаилов на Фејсбук.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.