ОБИД ЗА УБИСТВО ВО КАВАДАРЦИ: Кавадарчанка насрнала на мајка си со тврд предмет
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против В.Ѓ.М.(32) од Кавадарци поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело обид за убиство при семејно насилство, казниво по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
-На 10.09.2024 околу 03.15 часот во семејниот дом во Кавадарци, В.Ѓ.М. со тврд предмет ја нападнала нејзината 60 – годишна мајка и ѝ нанела тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци, информира МВР.
В.Ѓ.М. била лишена од слобода и по документирање на случајот поднесена е кривичната пријава.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.