Трипуновски на теренска посета во Тиквешијата, досега се откупени 30 милиони килограми винско грозје
Денес заедно со Васе Анакиев, Директор на Државниот земјоделски инспекторат сме на теренска посета во Тиквешијата. Сакаме од лице место да видиме како се одвива откупот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

-Моментално се наоѓаме кај еден од лозарите, директно на терен да видиме како оди бербата. И од тука продолжуваме по откупните пунктови се со цел да направиме еден личен увид во делот на откупот, појасни министерот.
Министерот Трипуновски додаде дека од тоа што досега го има како информација, смета дека откупот се одвива солидно, без поголеми забелешки од страна на лозарите и од винарските визби.
-Досега согласно податоците на Земјоделскиот инспекторат се откупени околу 30 милиони килограми. Сметаме дека наредниве десетина дена можеби ќе заврши најголем дел од бербата кај лозарите, со тоа што практично она што го договоривме пред почетокот на бербата гледаме дека се почитува, изјави Трипуновски.
Тој посочи дека дел од винарските визби дури даваат плус од тоа што веќе е договорено, заради тоа што има одличен квалитет на винското грозје од оваа реколта.