Сите се криви освен неа: Арсовска се закани дека градот ќе остане нечист и без функционален јавен превоз сè додека Советот не ги изгласа потребните програми
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на денешната прес-конференција рече дека главниот град ќе остане нечист и без функционален јавен превоз се додека Советот не ги изгласа потребните програми и планови за 2024. Таа пред новинарите рече дека не може да бара вонредни решенија, затоа што ако го направи тоа, рече таа, ќе одела в затвор.
Ова го констатираше Арсовска по вчерашната средба со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински.
45 советници земаат по 500 евра од седница. Да не постоеше Советот јас ќе бев најдобар градоначалник. Власт е претседателот Трајко Славевски и Советот. Не можам да имплементирам нешто за кое утре ќе одам во затвор -рече Арсовска.
Таа рече дека Градот е под блокада на советниците и ги повика медиумите таму да го насочат притисокот.
Предложивме вонредна седница за програмата на Комунална хигиена , ние веќе сме во втората половина на годината и не е донесена. Предложивме план за набавка на еколошки автобуси, нешто што јас само треба да го потпишам. Побаравме Владата да исплати 8 милиони евра долг од 2021 кон ЈСП за студентите. Тие предложија повлекување на средствата за изградба на булеварот Хасан Приштина, што е уцена за нас овој предлог и неприфатлив. Плановите за Комунална хогиена не се изгласани, затоа не може да биде подеднакво чисто, затоа недостигаат 120 работници. Програма за животна средина не е донесена седум месеци. Ќе дојде ноември и некој ќе каже дека немаме чист град. Ова е за проблемот со квалитетот на воздухот. Програмата за сообраќај не е изгласана седум месеци, за проблемите со главните улици и булевари. Од сите изминати децении наназад, само сега функционираме без денар владина поддршка. Бараме само политичка волја и да се одблокира Советот, затоа што штетата ја трпат само граѓаните – рече Арсовска.
Според неа Перински е неискусен во оваа работа, но ќе поднаучи кои се ингеренциите на Советот и на Градоначалникот и ако знае дека доколку советниците од неговата партија не ги блокираа програмите за јавните претпријатија, Скопје немаше да биде во состојбата во која се наоѓа
Побараа нов план и беа изненадени и дека тоа го прифативме,затоа што сакаат да креираат проблеми. Ние ќе правиме нов план па да видиме дали тој ќе им се допадне, рече меѓудругото градоначалничката.
Таа додаде дека изградбата на пречистителната станица за отпадни води е во застој затоа што две општини имаат застој во урбанистичките планови – Аеродром и Гази Баба.