ПУКАЊЕ НА ПЛАЖА ВО ХАНИОТИ, МОЖНА ВМЕШАНОСТ НА БУГАРСКАТА МАФИЈА: Тројца повредени и петмина уапсени, присутни биле семејства со деца

Според државната телевизија ЕРТ инцидентот бил помеѓу сопственикот на кафулето и неколку лица, кои почнале да пукаат со огнено оружје.

Крвав инцидент со тројца повредени се случил во петокот на полноќ во познат бар на плажа во Ханиоти, на Халкидики.

Според thestival.gr, еден маж е ранет во градниот кош, друг е повреден со нож, додека друг се здобил со повреди од ќотек. Сите тројца се бугарски државјани.

Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Здравствен дом Касандриа и потоа било оценето дека е потребно да се префрлат во болницата Полигирос. Здравствената состојба на пуканото лице лекарите ја оценуваат како особено сериозна.

Во моментот на престрелката во барот на плажа, во тек била музичка вечер во живо со уметникот Манос Кагиас. Настанот предизвика паника меѓу клиентите и персоналот. „Имаше плачење, врескање и викање. Луѓето почнаа да трчаат за да се спасат. Сите го напуштале барот. Се извадиле ножевите и се слушнале истрели. Малите деца трчаа со своите родители. Настана паника“, изјави за thestival.gr жена која била присутна на инцидентот.

Полицијата собира изјави од очевидци за да ги утврди околностите под кои се случил инцидентот. Според тамошните медиуми, се смета дека најверојатно биле вмешани лица од бугарската мафија.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.