Нерешената експропријација го кочи стартот на почетокот на работите на Бехтел и Енка
Експропријацијата се уште не е завршена за Бехтел и Енка да започнат да работат на терен, изјави денеска директорот на претпријатието за државни патишта Коце Трајановски зборувајќи за изградбата на Коридорите 8 и 10д. Трајановски потенцираше дека експропријацијата е на товар на државата, нагласувајќи дека во изминатиот период сепак е направен напредок по ова прашање.
„Потпишан е договор којшто е специфичен, кој што е по специјален закон направено, и сметам дека , пак ќе кажам претходната влада, поставиле рокови за експропријација и дислокација на електрични водови, телекомуникациски водови, којшто е во надлежнсот на Република Македонија и не влегуваат во тие една милијарда и триста, дале рок минатата година тоа да биде завршено. Ние правиме интензивни напори и последниот месец и нешто имаме голем напредок во експропријацијата , ако не ја решиме експропријацијата тие не можат да влезат„, рече Коце Трајановски, директор на претпријатието за државни патишта.
Трајановски израз надеж дека пред крајот на оваа година Бехтел и Енка ќе започнат со градежни активности.
„ Значи тие влегуваат откако ќе биде исчистено земјиштето, да биде експроприрано, да бидат дислоцирани каблите, да има деминирање…дури и проектирањето е под надлежност на република македонија и не е во тие милијарда и триста…така да интензивно работиме за да можеме што побрзо Бехтел и Енка да почнат на терен да работат и се надевам дека пред нова година веќе ќе ги внесеме на терен„, рече Коце Трајановски, директор на претпријатието за државни патишта .
Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ на 8 март минатата година потпиша договор со претходната Влада со кој се обврза до 2027 година да изгради четири автпатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10-д. Целиот договор беше проследен со низа контроверзи – од изборот за фирми за надзор, за што обвинителството и антикорупционерите отворија предмети, па се до измените во законот за работни односи, со кои се донесе одредба која овозможува прекувремена работа подолга од осум часа неделно и повеќе од 190 часа годишно во случаи кога се работи за проекти од национален и стратешки интерес за државата