„Намерно предизвикавте инцидент и провоцирате“, Косово со тешки обвинувања за Македонија поради инцидентот со нивната преседателка

Остра реакција и обвинувања за Македонија пристигнаа од Косово, откако тамошната претседателка Вјолца Османи имаше инцидент среде скопскиот аеродром, каде се вклучија и обезбедувачи на собранискиот спикер Афирм Гаши. Косово испрати и протесна нота со барање од Македонија одма се да објасни поврзано со турканиците. Тие бараат и МВР со Обвинителството да делуваат побрзо при расчистување на случајот. Косово даде и свои квалификации за настанот, па велат: „Ситуацијата на скопскиот аеродром не може поинаку да се објасни ниту да се оцени освен како чиста провокација и намера за предизвикување инцидент“.

Министерката Грвала денеска во МНР оствари средба и со вицепремиерот на Македонија, Арбен Фетаи со кого разговараше за предметниот инцидент и потребата од преземање брзи институционални дејствија. Во рамки на преземените дејствија, министерката Гервала вчера попладне прими телефонски повик од нејзиниот македонски колега, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, при што беше изразена загриженоста на косовските институции за вчерашниот инцидент, се наведува во соопштението од косовското МНР.

Оттаму ја правдаат Османи дека таа ја дала чантата да се стави на скенирање, иако, како што тврдат, тоа не смееле да го прават. Признаваат дека нивната преседателка одбила да го тргне телефонот на страна, пред да помине на скенер.

„Ова е невидена тенденција за оцрнување не само на претседателката, туку и на државата Косово. Македонија треба да има предвид дека ваквата пропаганда се прави против една претседателка, која во текот на целиот свој мандат придонесе единствено за продлабочување на позитивните односи меѓу Косово и Македонија“, додаваат од косовското МНР.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.