„Дали Блерим Рамадани бил носен на Попова Шапка од функционери на СДСМ и ДУИ ЗАРАДИ БИЗНИС?“

Која била целта на посетата на Блерим Рамадани на Македонија? Дали Блерим Рамадани бил носен на Попова Шапка од функционери на СДС и ДУИ и дали тој всушност се интересирал за градби на омиленото место за дивоградби на функционерите на ДУИ?, запраша на денешната прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

Која била целта на посетата на Блерим Рамадани на Македонија? Дали Блерим Рамадани бил носен на Попова Шапка од функционери на СДС и ДУИ и дали тој всушност се интересирал за градби на омиленото место за дивоградби на функционерите на ДУИ? – прашува Тони Јаревски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој воедно и прашува дали затоа Рамадани бил пуштен во куќен притвор наместо да биде во затворски? Затоа што ДУИ и СДС имаат бизнис интерес од него?

Дали ДУИ влијаеле врз Пајазит Пајазити кој е нивна продолжена рака во судството да изрече куќен притвор за Блерим Рамадани, за да може да избега, затоа што имаат бизнис интерес од него? Очекуваме институциите да отворат постапки и испоставите на СДС и ДУИ во судството како Пајазити да бидат разрешени, рече Јаревски.

Порача одговорност мора да има.

Зад секоја јавна гласност на ДУИ се крие по некој бизнис интерес. Додека народот се иселува, тие се богатат, истакна Јаревски.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.