Арсовска се премисли: Најави изјава денеска, но ја закажа за утре

Иако ја најави за денеска, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за утре во 11 часот закажа прес-конференција.

Ќе имаме после изјави во градот, рече Арсовска пред да влезе во Владата на состанокот со премиерот Христијан Мицкоски.

На новинарско прашање дали денеска во Градот ќе биде изјавата, таа одговори потврдно.

Да, денеска во Градот доколку нема заедничка изјава, додаде Арсовска.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински на прес-конференцијата по состанок истакна дека Владата сега е позагрижена од претходно.