„Пуцко Петрол“ за 5 милиони евра ја купи зградата на „Бетон“ кај Министерство за економија
Управната зграда во Скопје на некогашниот градежен гигант Бетон која неодамна беше огласена на банкарски оглас како дел од извршна и стечајна постапка, е веќе продадена, дознава ТВ21.
Според информации на ТВ21, оваа зграда е купена од нафтената компанија Пуцко Петрол за 5,1 милион евра.
Овој деловен објект се наоѓа веднаш зад Министерство за Економија и е изграден во 2012, а според НЛБ Банка проценет е на 4.952.967 евра.