Ненад Јовановиќ, еден од најголемите апологети на СДСМ, Трамп го нарече измамник и социопат, кој треба да добие Оскар за хистерија и пропаганда

Трамп е измамник и социопат. Ваква лоша режија одамна не сум видел. Наеднаш сета безбедност се насобра околу него, а тој демек погоден со куршум во увото, крева тупаница и салутира: “Борба” “Борба” “Борба”, а во микрофон вели, “Чекајте, чевелот да си го земам”, напиша на својот фејбук профил Ненад Јовановиќ, еден од најголемите апологети на СДСМ.

Сите спин-доктори на твитер му бустираат рејтинг: Маск, Карлсон итн. итн. Наеднаш се појавуваат сведоци со изјави, “пукнаа од тамо”, или “не, ми се чини дека пукнаа од онаму”, или “видов човек, легнат, со снајпер” и бла, бла, бла.

Мас-медиуми прават чуда. Се плашам дека ова му е карта за победа на следните избори. Има купишта лековерни кои се хистеризирани од масовните медиуми. И голтаат ли голтаат хистерија и пропаганда.

Трамп е жив и здрав, не берете гајле. Треба да добие оскар за хистерија и пропаганда.

Но, денеска соросоидот Јовановиќ се корегираше, па напиша:

Од она што синојка го гледав “во живо”, признавам дека СТРАШНО сум погрешил во мојот коментар, а исто така признавам дека овој обид за атентат врз Трамп ми кажува нешто СТРАШНО и за атмосферата во САД.

Ама и неверојатно ми е сознанието дека има шанса повторно да биде претседател на најмоќната земја на светот.