Единаесет лица загинаа, а повеќе од 30 се водат како исчезнати откако мост во северна Кина се урна поради поројни дождови, јавија кинеските медиуми.
Мостот на река во Шанглуо во провинцијата Шанкси се урнал „поради поројни дождови и поплави“, јавија кинеските медиуми, цитирајќи го покраинскиот оддел за односи со јавноста.
-Речиси 20 возила и повеќе од 30 луѓе се исчезнати откако се урна мост во река на автопат.
Сите 11 потврдени жртви биле пронајдени во пет возила кои досега се извадени од водата, соопштија кинеските медиуми.
Големи делови од северна и централна Кина се зафатени од вторникот од дождови што предизвикаа поплави и значителна штета