Министрите Мисајловски и Тошковски од Њујорк, директно во Неготино и опожарените места
Министерот за одбрана Владо Мисајловски и Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски директно од Њујорк се упатија на опожарените места каде со Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов ќе направат увод на состојбата.
Во меѓувреме, припадниците на Армијата се справуваат со пожарите во Неготинско на тешко пристапниот терен на земја и од воздух. Тие утринава се вклучија во гаснењето на пожарите во неготинскиот регион во координација со сите инволвирани субјекти на многу тешко пристапниот терен на планината Серта со цел локализирање на пожарот и негово ставање под контрола.
Двата хеликоптера од составот на воздухопловниот ВИНГ во претпладневниот период интервенирале со 22 ведра и исфрлени се 44 тони вода на локациите на кои било побарано.