Кој асфалтира на Водно?!

На диво се асвалтира улица на падините на Водно. Жителите од околината реагираат дека на потегот над полициската станица Водно се асфалтира еден дел, а никој не знае по чиј налог се работи и кој работи. Судејќи по начинот на кој се работи голема е веројатноста да се работи за своеволно асфалтирање.

Утрово кога се качив на Водно забележав дека некој започнал со работа на овој дел. На враќање начекав мајстори кои асфалтираа и ги прашав по чиј налог работат, но ми рекоа дека тие само го работат она за кое им е платено. Табла нема никаде, ниту изведувач, ниту инвеститор – реагира скопјанец.

Жителите се сомневаат дека некој си прави пристапен пат за да може да изведува градежни работи. Велат дека на овој дел од градот е вистински хаос, нема никаков ред ниту контрола.

Општина Центар треба да одговори на прашањата на граѓаните – кој асфалтира, дали тие се информирани, дали дале дозвола, дали се асфалтира под нивна надлежност.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.