КОЛАПС НА ЕВЗОНИ: Падна системот, на колоните не им се гледа крајот се чека за излез од Македонија

Огромни гужви се створиле на граничниот премин Евзони на влезот во Грција, а како што јавуваат туристите оттаму, паднал системот на граница.

Туристите од граничниот премин, јавуваат дека на Евзони се чека по 3,5 часа за излез од Македонија, додека ситуацијата не е подобра ниту на преминот Дојран, каде задржувањето на возила е за саат пократко, некаде околу 2,5 часа.