Дритон Кучи бил министер за економија во 2016 година, кога е издадена концесијата за експлоатација на минерални суровини, на компанијата на внуците на Али Ахмети

Дритон Кучи бил министер за економија во 2016та година кога е издадена концесијата за експлоатација на минерални суровини, на компанијата на внуците на Али Ахмети, објави телевизија 24.

Кучи  во моментов е дипломат – односно амбасадор на Македонија во Норвешка. Ниту против Дритон Кучи но и ниту никој од неговите наследници на министерското место не се води истрага иако потписник на концесијата во својство на државата е министер, а тие имале увид дека за концесијата не се плаќало. Во 2016 година, според МВР, министерот за економија е потписник на договорот заедно со фирмата на браќата Ахмети.

Во период од 2016 година до 2023 година кривично пријавените постапиле спротивно на чл.75  од Закон за минерaлни суровини и чл.11 од Договор за концесија за експлоатација на локалитет во општина Зајас, склучен меѓу правното лице и Владата, претставувана од страна на тогашниот министер за економија“, информираат од МВР.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.