На Фејсбук кружи лажен оглас од Владата за бесплатни часови по англиски
На извесна страница на Фејсбук Family service е злоупотребено името на Владата на Македонија дека наводно нуди бесплатни часови по англиски јазик. Станува збор за измама, какви што деновиве кружат по Фејсбук.
На огласот на кој има грб, на лош македонски јазик пишува дека „Владата на Македонија нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за лица од 18 до 65 години“, почнувајќи од јуни 2024 година. Во огласот се наведува дека Владата ќе им додели бесплатен таблет и сертификат во рок од 4 недели.
Некои граѓани поверувале дека огласот е вистински, што се гледа од коментарите под постот. „Почнаа со популистички мерки“, „Нема каде да се аплицира“, се дел од коментарите на граѓаните.
Погледнете како изгледа лажниот оглас и најважно, не го отворајте!