Го снема Д од СДСМ, НОВОТО „Д“ Е ДИКТАТУРА ИЛИ ДЕБИЛИЗАМ, вели Зоре Темелковски
Зоре Темелковски, еден од основачите на СДСМ, реагира по вчера одлпожениот конгрес на партијата на кој требаше да се расправа за катастрофалниот пораз на двојните избори, нагласуваjќи дека во името на СДСМ ја нема повеќе буквата Д.
„Не е изгубен само компасот, туку изгубен е и капетанот на бродот на СДСМ, а посадата очигледно не обединета, го лула уште посилно и побрзо во амбисот.
Денес официјално го снема Д од СДСМ, успеа ова раководство да ја уништи демократијата во СДСМ и на легитимоно избрани делегати на конгрес (од истово ова раководство) да им забрани право на збор на дебата, со цел да не пукнел дополнителен страм.
Новото Д во СДСМ од сега е зборот диктатура или дебилизам“, вели во својата реакција Темелковски.