Тројно убиство во Србија: Дваесет и двегодишник со ловечко оружје ги усмртил таткото, бабата и дедото

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти дека осомничениот 22-годишник е приведен и го признал делото. Во разговор со полицијата кажал дека ги убил зашто не можел повеќе да се грижи за нив

Дваесет и двегодишник попладнево извршил тројно убиство во семејната куќа во градот Књажевац во Србија.

Момчето, како што пренесува српската радио-телевизија, ги усмртило своите татко, баба и дедо во нив пукајќи со ловечко оружје. Оружјето било во сопственост на дедото на момчето.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти дека осомничениот 22-годишник е приведен и го признал делото. Во разговор со полицијата кажал дека ги убил зашто не можел повеќе да се грижи за нив.

„Дваесет и двегодишниот Алекса Милојевиќ попладнево во својот семеен дом во Књажевац го изврши тројното убиство на својот татко, дедо и баба. Дедото бил неподвижен, а таткото и бабата биле тешко болни. Убиството го извршил со ловечкото оружје на дедо му. Лицето е лишено од слобода и го признало делото, а на полицијата и рекол дека повеќе не можел да се грижи за нив“ – изјави Дачиќ.

Истрагата за случајот ќе ја води Вишото јавно обвинителство во Заечар.

Comments are closed.