Пожарникари и лекари го извлекувале возачот: Страшна сообраќајка во Кисела Вода, возачот тешко повреден

Дваесетгодишен скопјанец е тешко повреден во страотна сообраќајна несреќа која се случила синоќа на булеварот Србија.

Полицијата информира дека вчера околу 21.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Србија, Х.Б.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило  БМВ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб од улично осветлување. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот кои се констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Comments are closed.