Мицотакис: Не е сериозно Мицкоски да се идентификува како Македонец и да употребува Македонија

Грчкиот премиер Мицотакис  вчера во интервју за државната телевизија „ЕРТ“ истакнал дека со неговиот македонски колега за првпат ќе се соочат на НАТО Самитот во јули во Вашингтон. Тој потсетил дека Договорот од Преспа и името * Македонија, ерга омнес, за сите, беше основниот предуслов Македонија да влезе во НАТО.

-Според тоа, сметам дека е незамисливо * Македонија да дојде на своето прво учество со своето ново раководство и да го доведе во прашање договорот од Преспа во однос на името. Ќе се најде во многу непријатна положба ако постојано ги кажува истите работи што ги кажува, рекол Мицотакис во интервјуто.

Како што додал, „Мицкоски може да се најде во непријатна позиција“.

-Затоа што, да повторам – дека кога некој е избран за премиер, нема индивидуален статус на премиер – тоа е институционално тело. Тој говори претставувајќи ја својата земја. Значи, не е замисливо да вели дека „индивидуално се идентификувам како Македонец и ќе ја користам оваа терминологија, но официјалното името на мојата земја е * Македонија“. Тоа не се сериозни работи. Ги очекувам официјалните изјави на премиерот, кажал Мицотакис.

На прашањето на новинарот дали размислува за употреба на вето врз европскиот пат на Македонија, претседателот на грчката влада потенцирал дека не станува збор за вето, туку за разбирање кон * Македонија, „со која успеавме да изградиме и имаме добри односи и го поддржуваме патот кон Европа, и покрај нашата резервираност за Договорот од Преспа поради македонската националност и македонскиот јазик“

-Мислам дека * Македонија не замислува дека може да преземе чекори кон Европа, отворајќи нов, непотребен фронт со Грција. Мислам дека се подразбира дека она што го кажувам и мислам и се надевам дека ќе биде сфатено со апсолутна јасност во Скопје, бидејќи тоа навистина е непотребна, би рекол, димензија што ги комплицира односите меѓу двете држави, што навистина мислам дека не е од корист пред сè и над сè за самите граѓани на * Македонија, посочил Мицотакис.

Comments are closed.