Палчо во Шутка се обидел да внесе плазма телевизор….

Директорот на затворот Шутка во интервју за Телма, открива што имало во куферот на Љупќо Палеевски Палчо кој пред пет дена бил екстрадиран од Турција.

„Па може да нагласам дека имаше една интересна работа, дека имаше телевизор плазма, од Турција му бил, за притвор но тука каде што е, ние немаме 220 волти струја, регулирана е на 12 волт, само за светло, специјално за собата каде што ќе биде тој“, вели директот Филип Андов.
Во куферот имало и банкноти во евра и турски лири.

„Да не навлагаме, имаше банкноти во евра и турски лири, сега да не навлегуваме во детали“…изјави Андов според кој имало и документи а претресот бил направен по барање на Обвинителството.