Мицотакис зацрта „црвени линии“ за Македонија и Албанија

Три недели пред европските избори, грчкиот премиер во интервју за порталот „МтК“ Мицотакис упати строга порака до македонското раководство:

„Новиот претседател на С. Македонија направи нелегален и провокативен избор да го прекрши официјалниот текст на нејзината заклетва и ја нарекуваат државата под друго име од она што е дефинирано со Уставот на самата соседна држава. Според тоа, не го прекрши само Договорот од Преспа, туку и Уставот на својата земја“, нагласува тој.