ФОТО НА ДЕНОТ: Целта е постигната – крајот е „црвено-црн“! – Вардар се избори за опстанок во Првата лига
Вардарци следната сезона ќе игра во Првата македонска фудбалска лига откако денеска во Струмица на стадионот „Благој Истатов“ во баражот ја совладаа екипата на Детонит Струмица со 2:0.
Фудбалерите на Вардар работата ја завршија за четири минути и тоа во финишот од првиот дел. Подобрата играта во првото полувреме беше крунисана со голот на Ѓуриќ во 42-та минута, а само четири минути подоцна, Лука Шушњара со одличен гол ги реши дилемите околу победникот.
Резултатот го отвори дефанзивецот Ѓуриќ во 42. минута за да во судиското продолжение стрела и Сушњара за зголемување на предноста.
Црвено-црните во вториот дел се решија за одбрана на резултатот, противникот се обидуваше, ама не успеваше да го загрози нивниот гол.
„Целта е постигната – крајот е црвено-црн“ – порачаа и од ФК Вардар како заокружување на денешното гостување во Струмица.
Comments are closed.