Преговорите за Влада во напредна фаза: ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер

„ВМРО-ДПМНЕ во разговорите инсистира кадровските понуди од Вреди да се професионалци, без дамка во кариерата и да не се поврзани со коруптивни скандали и сомнителни случаи“

Преговорите ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за идната Влада влегуваат во напредна фаза, поврзана и со распределба на ресори и кадри.

Без да се откриваат позициии и имиња од двете страни, извори на СИТЕЛ откриваат дека:

„ВМРО-ДПМНЕ во разговорите инсистира кадровските понуди од Вреди да се професионалци, без дамка во кариерата и да не се поврзани со коруптивни скандали и сомнителни случаи“

Во оваа насока, ВМРО-ДПМНЕ веќе одбиле некои од понудените имиња од Вреди и било побарано повеќе да се искористи интелектуалниот потенцијал во албанската опозиција. Дополнително, од партијата на Мицкоски инсистирале и да се задржат принципите ветени во кампањата.

„ВМРО-ДПМНЕ не е обременета од договор по секоја цена имајќи пред вид дека и самата стигнува до бројка од 61 пратеник“, коментираат извори за Сител од прегворите, додавајќи дека за разговори со ВМРО-ДПМНЕ била подготвена и ДУИ на Ахмети.

Позитивна амтосфера во разговорите потврдува и Билал Касами, еден од четворицата лидери на Вреди.

Претходно Таравари објави дека очекува владиниот договор целосно да биде постигнат до петок.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека засега се насочени кон прегласувањето во среда од каде очекуваат плус пратеничко место, како и обезбедување на 2/3 владејачко мноизнство во Собранието.

Comments are closed.