Од аеродром директно во Шутка: Фотографија од Палчо во авионот со кој беше екстрадиран

Како што најави 24инфо, вечерва првоосомничениот за двојно убиство Љупчо Палевски Палчо слета во Скопје откако заврши постапката за екстрадиција од Турција каде Палчо се обиде да избега.

По слетувањето, Палевски веднаш ќе биде пренесен во истражниот затвор Скопје затоа што во отсуство му е одредена мерка притвор.

Палевски е првоосмничен за свирепото убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

24инфо објави фотографија од Палчо во авионот со кој беше екстрадиран.

Comments are closed.