Дали агенцијата Рејтинг на Спасов работи на имиџот на Филипче, а за тоа плаќа по минимум 100 евра по објавен текст и од каде се тие пари?
Сериозно навлеговме во кампањата следната среда е првиот круг на претседателски избори, мислам дека на сите им е јасно и мислам дека сите гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи, Гордана Силјановска Давкова ќе е нов претседател на Македонија“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на ИЕ4 од митингот во Валандово.
„Мислам дека она што е клучно за периодот кој што доаѓа е да се обратиме до сите што ги познаваме, да поразговараме и да ги поканиме да излезат на гласање. Исто така сите оние кои што се надвор од Македонија во дијаспората доколку се во можност да дојдат и да гласаат, затоа што секој глас ни е потребен секој човек ни е потребен за победата да биде убедлива и никој да не ја оспорува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Николоски.
Николоски додаде и дека тажната вистина е дека кога одиме во дијаспората, бевме и во Франција и во Австрија и Швајцарија помеѓу нашите и за жал се повеќе наши луѓе гледаме таму. Луѓе кои што минатата кампања ги гледав овде во Валандово, сега за жал ги видов во дијаспората, тие за жал се иселиле. Тоа е тажната вистина на ова темно владеење на ДУИ и СДСМ овие 7 години. И на тоа мора да ставиме точка, на тоа мора да ставиме крај.
„Затоа што овие избори се пресвртница и од овие избори ќе биде определена иднината на Македонија. Ние сакаме просперитетна и развиена Македонија. Ние сакаме Македонија во која што владее правото, ние сакаме Македонија која што ќе напредува“, истакна Николоски.
Николоски посочи и дека СДСМ веројатно не ни размислуваат за такви работи единствено што размислуваат е како да приграбат нешто за себе. А овие од ДУИ многу добро знаат што сакаат но тоа што го сакаат не е во корист ниту за Македонија ниту на Македонците, тоа е во корист на една мала клика околу врвот на партијата која што мисли само за себе и за оние околу нив. Затоа ни е потребна масовна излезност. Затоа следната среда треба да излезете сите, да ги поканете сите да излезат да гласаат и да ставиме крај тоа да е вовед во големата победа на 8 мај.
„Го гледам Стево Пендаровски на почеток беше нервозен сега покрај нервозен и навредува не знам што ќе се случи до крајот на кампањата. Од СДСМ едниот скоро и да го снема, никој не се сеќава дека беше премиер на Македонија а уште помалку мислам дека луѓето знаат дека е претседател на СДСМ се вика Димитар Ковачевски. Единствено по што ќе биде запаметен е дека заедно со другар му Бујар Османи го потпишаа таканаречениот француски предлог со кој што решија да ја распродаваат македонската историја и култура“, нагласи Николоски.
Тој истакна дека во 4-та изборна единица носител е Венко Филипче кој што гледам дека освен што злоупотребува пациенти и ја злоупотребува сопствената професија ништо друго и не прави. Но не ми одговори па би сакал да го прашам од тука дали е вистина дека има ангажирано пи ар агенција која што треба да работи на промоција на неговиот имиџ, дали името на таа пи ар агенција е Рејтинг сопственост на Никола Спасов син на поранешниот генерален секретар на СДСМ, Ѓорѓи Спасов и дали таа пи-ар агенција ја плаќа по минимум 100 евра по објавен текст за Венко Филипче. И финалното прашање од каде доаѓаат тие пари, кој ги обезбедува тие пари и како тие пари преку агенцијата Рејтинг стигнуваат до медиумите“, кажа Николоски.