115 години од смртта на Кузман Шапкарев
Денес се одбележува годишнината од смртта на преродбеникот Кузман Шапкарев, кој почина во 1909 година во Софија.
Тој е еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Ги објави делата „Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина“, „Материјали за животописот на браќата Миладинови Димитрија и Константин“, како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата во Македонија.
Роден е во Охрид, на 1. февруари 1834 година.