ЦЕНАТА ЗА ОВОЈ ХАОС ЌЕ ЈА ПЛАТИ СДСМ НА ИЗБОРИТЕ Невидена глупост е казнување на граѓаните за документи без „Северна“, смета Ѓорѓи Спасов

Овој гнев што со хаосот околу менувањето на документите се создава ќе влијае многу лошо врз изборните резултати пред сè на СДСМ – пишува Спасов на Фејсбук.

Глупост невидена е да се казнува некој во Македонија што до 12. овој месец не сменил лична карта или возачка дозвола заради името Северна Македонија. Тоа не се случува заради грешка или неодговорност на граѓаните и ако има таков закон мора итно да се смени – пишува Ѓорѓи Спасов, професор и активен поддржувач на СДСМ на својот профил на Фејсбук

„Во спротивно може да ѝ случи на власта граѓански отпор и непослушност односно масовно неплаќање на такви казни. Што ќе прави таа во таков случај? Ќе ги праќа неплаќачите во затвор?

Треба да се домислуваат работите.

Во спротивно некој ќе праша: Како е можно да гласаме со стари лични карти на следните избори, а не можеме да возиме низ земјава со старите возачки дозволи? Кога услов за гласање би биле само документи со Северна Македонија партиите би трчале и би плаќале да им обезбедат такви документи на граѓаните.

Но, вака се безбедни и сè е на трошок на граѓаните. Дури треба да платат по 30 евра за патен лист што ќе им го издаваат амбасадите за да се вратат во земјава.

Како и да е. Овој гнев што со хаосот околу менувањето на документите се создава ќе влијае многу лошо врз изборните резултати пред се на СДСМ“ – пишува Спасов.

https://www.facebook.com/gjorgji.spasov/posts/10230767596524136?ref=embed_post