МВР ВРИЕ ОД КОРУПЦИЈА: Платени 2 милиони евра за кол центар НА КОЈ НИКОЈ НЕ СЕ ЈАВУВА!

Владата на СДСМ/ДУИ и минстерството за внатрешни работи предводено од Оливер Спасовски вријат од котрупција.

На страна длабоката поврзаност со подземјето и заштита на одбраните соработници, следење опозиција, издавање над 200 пасоши на нарко дилери од регионот, масовно казнување возачи за да се соберат преку план и причина пари во буџетот кои потоа се делат во коруптивни зделки, злоупоптерба на полиција за време на избори…

Она што од корупцијата и неспособноста на МВР најмасовно ги погодува граѓаните е корупцијата со издавање лични карти, возачки дозволи и пасоши. Да се донесе закон, со определен рок до кога мора да се извардат документи со “северна“ а да не се обезбедат обрасци и да не се организира служба да го спроведе тоа е  тешко ктривично дело против сигурноста на граѓаните и нивните основни граѓански права и слободи. Во најмала рака одговорност за несовесно работење во службата.

Македонија, барем половина од граѓаните, со немање можност да се стекнат со “валидни“ лични и патни документи е претворена во место со масовен домашен притвор за граѓаните. А оние надвор од Македонија со неможност да имаат “северни“ пасоши и да патуваат или да се вратат во Македонија се осудени на прогон вон државата.

И сето тоа е наптравено за да се спроведе – корупција. За тоа МВР имаат и време и амбиција. Да се имаат два тендери за набавка – за старите документи издавани со повеќегодишна важност до скоро иако се знаело дека наскоро треба да се менуваат и да има плус еден тендер за “северните“ документи кои – се уште ги нема. а рокот за употреба на старите пасоши е заминат.

Патем, се распиша тендер од дури 2 милиони евра да се најде кој да организира прием на телефонски закажувања за термини за лични документи, небаре МВР нема кадри за тоа меѓу илјадниците вработени, па мора да се платат два милиони од буџетот на некој од надвор.

Тендерот завршен, парите загубени, а услуга – нема. Ако се јавувате на тој тендерски дежурен телефон 072 92 92 92 знаете дека никој од другата страна не ви одговара, и не ви закажува термин. А, освен тоа, ако ретките имале шанса да закажат немаат доказ дека навистина е и закажано, освен уверувањето сам себе дека се е во ред.

Новинарката Јорданка Ивановски Јоци вака го коментира тоа на својот Фејсбук профил, и дополнително пресметува дека 500.000 евра на граѓаните се исплатени без дополнителен основ:

Кога вртиме на 072 929 292 за термин за лични исправи и слушаме од другата страна ⚠️,,СИТЕ ОПЕРАТОРИ СЕ ЗАФАТЕНИ”, тоа не е секретарка на МВР, тоа е фирмата ,,#Симболико”.

ПОСЛЕДНИОТ ТЕНДЕР пред заминување од МВР, Оливер Спасовски на ,,Симболико” го одобрува пред неколку месеци и тежи – речиси ❗️ 2 МИЛИОНИ ЕВРА.

Во табелата подолу ви се цените заклучно со 2022 кои ,,Симболико” ги искеширала од МВР додека министер беше Спасовски.

ℹ️ ЗАБЕЛЕЖЕТЕ ги цените во тендерите пред 2017 т.е како магично растат од 28.000 на 218.000 ЕВРА кога тој доаѓа за министер во МВР во 2017 година. И како растат 8 години додека тој беше на чело на оваа институција.

☎️ Севкупно наплатиле околу 👉4,6 милиони евра како кол центар во време на Спасовски, СДСМ и ДУИ, ако ви се верува!

Па така, имаме исплата на минимален тендер од 218.000 евра кога доаѓа за министер, во меѓувреме цените растат и стасале до магични 2 милиони евра во ОКТОМВРИ 2023, пред заминување.

Дали ова не е корупција?

Што вели Агелер?

А, ние сме уште И БЕЗ ТЕРМИНИ И БЕЗ ЛИЧНИ ИСПРАВИ!

Извор: Вечер