И ќерката на заменик-министерката Маја Манолева му продава струја на ЕСМ

Ќерката на заменик министерката за здравство Маја Манолева, Тина Манолева е директор на компанијата „Соле 24“, која редовно му продава големи количества струја на ЕСМ, објави „Фактор“.

Минатата недела, Тина Манолева, по професија електротехнички инжињер, стана нов управител на компанијата „Соле 24“, која доби лиценца за тргување со електрична енергија во 2021, па во 2022 прерасна во една од најголемите компании за продажба на струја на слободниот пазар.

Зад компанијата како сопственик стои албански државјанин.

Во последната година, оваа компанија редовно се јавува на повиците на ЕСМ за набавка на електрична енергија, кога произвотството не може да ги задоволи потребите.