Инает на сметка на граѓаните: Спасовски кој го остави МВР без обрасци смируваше дека казни нема да има, сега го игнорираат Тошковски за законските измени
Хаосот околу менувањето и издавањето на личните документи со „Северна“ не е од денеска, кога е и последен ден во кој ќе важат личните документи со Република Македонија. Тој настана уште од моментот кога пред една година владата на СДСМ и ДУИ од ведро небо и од џеб го извади датумот 12 февруари, повикувајќи се на Преспански договор. Истиот договор за кој откако го потпишаа контра волјата на народот и со пропаднат референдум ни тврдеа дека нема да значи и екстра трошок за административни работи.
Прв кој смируваше и уверуваше дека сите лични документи ќе ни важат сè до нивно законско истекување беше портпаролот на Владата на Зоран Заев, Миле Бошњаковски. Тие ќе се менуваат кога ќе им истече рокот, за граѓаните да немаат дополнителни трошоци, тврдеше тој.
Кој лаже – Бошњаковски или Катимерини?
Која патна исправа, како и завршува, и истекува рокот, ќе се менува, што значи тие трошоци по однос на патните исправи, ќе бидат во насока на редовните трошоци за вадење на патни исправи кои што ги имаат граѓаните на Република Македонија, изјaви на 13.06.2018 Бошњаковски.
Кога беа фатени во лага и телефоните за закажување за сликање почнаа да се недостапни, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски почна да смирува дека нема да има казни и дека сите граѓани ќе може да ги ползуваат своите права без разлика на државното име на нивниот документ.
Остварување на кое било граѓанско право нема да биде доведено под знак прашање доколку навреме не се променат личните документи, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски овој август.
Да не заборавиме дкеа во меѓувреме, им требаа две години за да стигнат првите обрасци со „Северна“, па граѓани кои менуваа документи и во 2020 година ги добиваа со „старото име“, за сега повторно да мора да ги плаќаат истите документи иако им се важечки до 2030 година. Тука веќе тек тук ќе чуеме и по некоја изјава дека власта „размислува“ да ги рекомпензира трошоците за овие документи на граѓаните. Доволно сме големи за да знаеме дека тоа нема да се случи.
Спасовски, кој на власт е повеќе од 8 години, слично како првиот пат кога мораше да го даде министерското место за технички министер, повторно не набави доволно обрасци за непречено функционирање на системот. Тогаш „Наќе беше виновен за сè“. Сега баш Чулев, поучен од евтините политички финти на Спасовски, прв предупреди дека издавањето на документи е во потполен крах, зошто повторно пред технички министер да го наследи, Спасовски не набавува доволно обрасци.
Овој веќе неизбежен хаос, СДСМ имаа пет години да го спречат. За тоа што сè можеше да се стори за граѓаните да не бидат заробени во сопствената држава, да не им е полошо и од „пусто турско“, да не бидат понижувани и омаложувани, да не се чувствуваат ни како граѓани, туку полошо и од стока, останува само да се дебатира.
Но, и покрај сè наведено, новиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека ако има политичка волја решение за хаосот со документите – има. Сè што треба да се направи се измени во Законот за патни исправи и во Законот за безбедност во сообраќајот.
Измените ги подготвив. Тука се. Готови се. Кога пред моите колеги ги предложив овие измени, бев опструиран, министрите ми велеа дека ќе сме прекршеле меѓународен договор. Ова што го предлагам е согласно сите меѓународни акти кои ги гарантираат основните човекови прави. Вака го кршиме основното човеково право на движење, оневозможуваме излез од државата со валидна патна исправа. Нема кршење на меѓународни договори ако се усогласат техничките рокови од Преспанскиот договор врз основа на објективните човекови и технички капацитети на Македонија. Може да се бараат нови рокови. Со меѓународен билатерален договор не смее да се кршат човекови права. Ова е резултат на незнаење и неодговорност на властите. Ова што се случува е флагрантно кршење на човековите права. Ова е страшно. Не можам дури ни да поверувам. Грција нема право да го поништи пасошот. Обрасци немаме. Состојбата е алармантна, вели Тошковски.
Па дури и потписникот на Преспаснки договор, тогаш министер за надворешни работи, а денес „нисам одавде“ збунет и фрапиран Никола Димитров, вели дека ова е добро решение во два чекора.