ТРОЈЦА ИЗБЕГАЛЕ ВО СТРАНСТВО додека со месеци се чекаше конкретна акција за Онкологија?

Полицијата утрово вршела претреси кај осум лица поврзани со скандалот во Онкологија, најголемиот скандал во македонското здравство.

Сепак, тројца успеале да избегаат во странство додека траеше предистрагата, пренесе Телма.

Во септември обвинителството отвори предистрага, која до ден денес нема никаков епилог.

“Злоупотребите на Клиниката за онкологија се пораз на целиот државен систем и значат не само повреда на правата на пациентите, но и непочитување на основните етички принципи во вршење на здравствената дејност, како и прекршување на основното човеково право на живот. Оние кои правеле злоупотреби со цитостатици и ги ставиле во опасност човечките животи, треба да понесат не само политичка туку пред се кривична одговорност.

Изразуваме голема загриженост во однос на вознемирувачките информации изнесени во медиумите за наводни злоупотреби со цитостатици на Клиниката за онкологија и радиотерапија, реагираа од Лекарската комора откако МВР и Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје влегоа во оваа здравствена установа за да направат претрес во септември во рамки на предистрага.

Comments are closed.