Мицкоски ја доби тужбата за клевета за лагата дека „купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“
Скопскиот суд утврди граѓанска одговорност за сторена клевета према претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од страна на Друштвото за дигитални медиуми БАБИНСКИ ДООЕЛ Скопје, за објавување вест со наслов „Мицковски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“ на ден 26.02.2023 година во јавно објавена вест на официјалната веб страна „brif.mk“.
Скопскиот суд утврди граѓанска одговорност за сторена клевета кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од страна на Друштвото за дигитални медиуми БАБИНСКИ ДООЕЛ Скопје, за објавување вест со наслов „Мицковски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“ на ден 26.02.2023 година во јавно објавена вест на официјалната веб страница „brif.mk“.
Според пресудата, порталот изнел невистинити факти за тужителот, со што ја повредиле честа и угледот со следново: „Мицковски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“.
Целата пресуда е објавена на „Бриф“.
Мицкоски неодамна потенцираше дека неколку пати добил пресуди за ширење на лажни вести, клеветење и невистини во, како што вели, црната кампања која СДСМ ја води против него.
-Докажано е дека brif.mk лажеа и апсолутно ширеа невистини. Лажеа и кога еден вицепремиер од владата преку еден негов медиум правеше прилог пред куќата која ниту е моја, ниту вреди милион евра. На оваа и на милион други лаги, како онаа дека наводно сум поседувал куќа во Црна Гора, дека сум имал не знам какви бизниси и хидроцентрали, единствено гледам како на очаен обид да се деградира мојата личност и да се дефокусира вниманието од нивната неспособност. Колку тие се по злобни во лагите толку јас сум помотивиран да ги поразимиме, смениме и да ја изградиме Македонија. Важно е да создадеме квалитетно општество базирано на принципи, вредности и морал. Важно е да има одговорност и да донесеме иднина, рече неодамна Мицкоски.