Зечевиќ и Мечка во први редови на промоцијата на новата партија на Данела Арсовска
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, вечерва беше во првите редови на конвенцијата за промоција на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска како нов претседател на политичката партија Нова Алтернатива.
Покрај Зечевиќ и нејзиното семејство, главна поддршка на настанот во скопскиот хотел „Континентал“, Арсовска доби од сопственикот на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски – Мечка и неговата сопруга Наталија, од неодамна поставена Наталија Митовска за нов генерален секретар на Град Скопје.
На конвенцијата Арсовска ги изнесе ставовите за кои ќе се залага партијата, како ослободување на судството и на македонската економија. Упати критика кон Преспанскиот и Договорот за добрососедство.
Посочи дека партијата не е во коалиција со СДСМ, но и дека има постулати кои треба да ги прифатат партиите доколку сакаат коалиција со партијата.
Арсовска ја презема партијата од Ѓорѓи Оровчанец. Досегашниот претседател на коалициониот партнер на СДСМ рече дека си дал неотповиклива оставка зошто никој не го информирал за тоа што се случува внатре во партијата.