Година на избори – Kовачевски и Mицкоски ќе ги вкрстат копјата во И.Е. 1

Годинава која почна ќе биде во знакот на избори, и наши и европски. Сѐ ќе застане на неколку месеци поради претседателските и парламентарните избори во Македонија, но и во ЕУ поради изборите во Европскиот парламент.

За застојот во економијата не се грижиме бидејќи економијата и онака е колабирана и без нови странски инвестиции а постоечките едвај живуркаат. Последното место по раст на БДП во регионот со години е резервирано за Македонија.

Изборната процедура ќе почне веќе на крајот на овој месец кога треба да биде изласана техничката владата.Т.н „Пржинска влада“ е наследство од СДСМ кога по секоја цена сакаше да влезе во власта без избори.ВМРО-ДПМНЕ од позиција на опозиција предлагаше таа да се укине но СДСМ одби поради „бесата“ што им ја даде на ДУИ последните сто дена премиерот да биде Албанец.Така и ќе биде и до изборите премиер ќе биде Талат Џафери.

Поранешниот командат на УЧК ќе биде премиер најмалку до јуни, односно до формирањето на новата Влада. Последните анкети покажуваат речиси двојно водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

Слична е состојбата  и за претседателските избори.Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се избере на втори март се очекува да има најмалкку 150.000 предност пред најверојатниот избор на СДСМ Стево Пендаровски.

Во однос на европските избори немаме никакви очекувања.Македонија и онака нема да добие датум за преговори поради неразумните барања од  Бугарија и удоволувањата од страна на ЕУ. За нас  ЕУ сигурно нема да побара Радев да излезе да испие кафе додека се носи одлуката за почеток на преговорите.