Колев со аргументи ги разјасни сите политички манипулации: Здравјето на граѓаните е пред сè!
Јас, како градоначалник на Општина Велес продолжувам посветено со својата работа каде единствен фокус ќе биде интересот на граѓаните на Општина Велес, истакна Колев.
Под овие околности НЕМА да потпишам Б-интегрирана еколошка дозвола – здравјето на граѓаните е пред сè! На денешната седница на Советот на Општина Велес со факти и аргументи ги разјаснив сите политички манипулации кои се пласираа во јавноста изминатиов период, посочи градоначалникот на општина Велес, Марко Колев.
Имено, на 13.08.2019 година во Општина Велес е пристигнато барање за Б – интегрирана еколошка дозвола од економскиот оператор ДИПМУ “КЕПС МОНТ ГРОУП” ДОО Скопје. Кон ова барање е приложен договор од 03.12.2018 година со Владата на Република Македонија за пренос на концесија за експлоатација на троска на локалитетот “Баш колиби” во Велес со важност до 19.02.2026 година, Решение за издавање на согласност од Министерство за животна средина и просторно планирање од 28.05.2019 година и дозвола од Министерство за економија од 31.05.2019 година.
-Врз основа на овие документи на 02.10.2019 година од страна на тогашниот градоначалник е издадена Б – интегрирана еколошка дозвола. На 13.11.2023 година до Општина Велес пристигна барање за добивање (измена и обнова) на Б – интегрирана дозвола од истиот економски оператор, каде што во прилог достави Анекс на договор со Владата на Република Македонија од 26.06.2023 година, Решение од Министерство за животна средина од 31.05.2023 година, Дозвола од Министерство за економија од 01.11.2022 година и главен рударски проект од јули 2023 година. Врз основа на овие документи Општината пристапи кон анализа на пристигнатите документи, како и консултации со стручни лица од областа. Наместо конструктивност додека трае процесот, истите политички групи кои во 2019 година го поздравија потегот за издавање на оваа дозвола сега во јавноста се обидоа да креираат слика за отворање на нова топилница во градот и со тоа да создадат немир кај граѓаните. Но, на крајот делата се оние кои зборуваат – под овие околности Б – интегрирана еколошка дозвола НЕМА да се издаде, истакна градоначалникот.
Тој ги повика советниците кои во изминатиот период пласираа лажни информации во јавноста сакајќи да создадат лажна слика за политички поени нивните напори да ги продолжат пред државните институции кои се надлежни во конкретниов случај.
-Јас, како градоначалник на Општина Велес продолжувам посветено со својата работа каде единствен фокус ќе биде интересот на граѓаните на Општина Велес, истакна Колев.
https://www.facebook.com/kolevmarko/videos/7490187264365814/?ref=embed_video&t=0
Comments are closed.