Ало Скопје, во гужва сум, ќе те барам!
Речиси да немаше булевар, раскрсница и семафор каде колоните возила не стоеја во место.
Денеска Скопје беше под неколку часовна блокада. Сообраќајот беше во хаос, луѓето со часови чекаа автобуси, тешко беше да се стигне кај се тргнало. Граѓаните видно нервозни, измрзнати, накиснати.
Намалете, намалете. Луѓето се глупави, па нема да забележат дека нема автобуси. Сигурно вака им порачува градоначалничката на ЈСП. Дали е нормално. Час ипол чекам автобус, кој порано доаѓаше на 10 до 15 минути- реагираат граѓаните.
Оние пак кои влегоа во јавниот превоз, со часови патуваа до дома. Се на се, целосен колапс и на сообраќајот и на градот.
По колапсот се огласија и од МВР
Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „Надлежен орган за управување и контрола на семафорите и сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС).
Бидејќи попладнево настана сообраќаен метеж, (на што објективно влијаеја и неколку полесни сообраќајни незгоди, но и зголемената употреба на возила од страна на граѓаните поради временските услови), а врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје -Единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот и очекувамр метежот наскоро да биде расчистен, соопштија од МВР.
Исто така се огласија и од градот Скопје одбегнувајќи сносување на одговорност.
Јавниот превоз се реализира согласно утврдениот возен ред актуелен за овој период од годината (зимен возен ред).
Се регистрираат доцнења, во разумни интервали, кои се должат на надворешни фактори (пренасочен сообраќај поради согласности на времени режими издадени од СВР за градежни работи, сообраќајни незгоди на редовна траса, исклучена светлосна сигнализација за поминување на делегации и слично) кои влијаат на застој/забавување не само на одвивањето на јавниот превоз, туку на целокупниот сообраќај.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.