Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта и за кратко време граѓаните ќе почувствуваат промени
Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за програмата со која ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на изборите и ќе даде една насока на граѓаните што планира ВМРО-ДПМНЕ да работи.
-Јас искрено верувам и искрено се надевам дека и со програмата со која што ќе излеземе на изборите ќе има еден добар сегмент кој што ќе даде насока на граѓаните што планираме да правиме. Но многу побитно е дека по формирање на новата влада дека буквално од првиот ден ќе мора и те како да се засукаат ракавите и сите овие работи кои што ги гледаме како едноставно не можеме да се помириме и да живееме со тоа бидејќи едноставно не се живее. Каде и да отидеш едноставно треба да се јавиш на некој, за било која работа да треба да ја завршиш мораш да побараш некој, значи едноставно мислам дека сите во државата сакаат да можат да одат да си извадат извод, да си платат данок, било што без да треба да му се јават на некој, односно да му биде достапно онака како што треба да биде, рече Јанушев.