Тутунарите не го носат родот за откуп додека не се зголемат откупните цени

Ваквата ситуација која одамна не се памети да нема врвувица на откупните пунктови и на вагите за преземање на родот на тутунот, ја доведува иднината на тутунопроизводството во земјава.

Откупувачите ги отворија пунктовите за откуп на тутунот, но тутунарите не го донесоа родот на проценка на вагите иако денеска е последниот ден од законскиот рок за почетокот на откупната кампања. Според Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, производителите нема да го носат родот на вагите додека не се зголемат откупните цени, а велат дека и откупувачите со немањето слух за барањето на тутунарите калкулираат зашто родот годинава е преполовен.

– Ние чекаме и сѐ уште очекуваме некој од откупувачите да се одважи за ги зголеми цените. Досега не покажаа слух на нашето барање да се зголемат цените, минимум за 20 насто а и повеќе иако претходните месеци ни најавуваа дека тоа ќе го сторат. Но од тоа досега нема ништо. Од друга страна се калкулира поради преполовениот род. Се очекуваат околу 13 000 тони тутун. На овој начин си играат со маката на тутунарите. Ги повикуваме да ги зголемат цените зашто ваквата ситуација нењ им оди во прилог ниту на откупните фирми, ниту на производителите, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Ваквата ситуација која одамна не се памети да нема врвувица на откупните пунктови и на вагите за преземање на родот на тутунот, ја доведува иднината на тутунопроизводството во земјава.

– Вака се доведува во прашање производството на оваа битна индустриска гранка. До година може и уште повеќе да се намали производството, иако во последно време останаа да произведуваат само повозрасните тутунопроизводители. Сѐ уште очекуваме откупувачите да илезат во пресрет за зголемување на цените, вели Стомнароски.

Годинашниов род на тутунот е квалитетен и според Сојузот, се цени на околу 13 000 тони. Досегашните цени се 300 денари за прва, 240 за втора и 180 за трета класа.

Неодамна на трибина за состојбите во тутунопроизводството што се одржа во Прилеп, националната земјоделска мрежа побара 600 денари за килограм откупен тутун за производителите ги покријат трошоците и да имаат рентабилност во производството.