Пакети од фондација „Заев“ предизборно се делат од министерката Тренчевска

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во посета на Крива Паланка и Куманово доделуваше пакети прехранбени продукти и пакетчиња за деца. Како што се вели во соопштението, овие активности се во рамки на активностите кои Министерството за труд и социјална политика ги спроведува за време на последните две седмици пред новата година.

Во Крива Паланка министерката Тренчевска на почетокот од денот се сретна со деца од подрачните основни училишта од руралните средини и додели нас 120 пакетчиња заедно со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Тренчевска во рамки на посетата во Крива Паланка додели и пакети со храна на повеќе од 10 семејства од социјално ранливи категории на граѓани. Министерката со активности продолжи и во Куманово каде исто така додели пакети со храна на социјално ранливи категории на семејства.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.