Нов скандал: АД Водостопанство наместо понудата со најниска цена, избрало три пати повисока понуда

Драги сограѓани, ни треба ваша поддршка вие кажете дали овде не е случаj на неконтролирано злоупотребување на народни пари, велат од KAZ Group.
По однос на спроведената отворена постапка по оглас бр.16299/2023 од 14.09.2023 година, за доделување на договор за јавна набавка за потребите на АД Водостопанство на РМ во државна (граѓанска) сопственост, каде што ЕДИНСТВЕН критериум за избор на понудувач е ПОНИСКА ЦЕНА на понудата!
Нашата понуда изнесува 3.399.803,39,
(KAZ Group-македоско производство кое храни 40 македонски фамилии), а избран е економски оператор чија понудена цена е 9.963.005,05 (трговско друштво со увозени странски производи и еден вработен – 3N Development Group) денари која е за ТРИ ПАТИ ПОВИСОКА од нашата понудена цена.
АД Водостопанство на РМ е загубар коj користи пари на Министерството за земjоделство, шумарство и водостопанство (народни пари)

https://www.facebook.com/kazgroupskopje/posts/1131434131553676?ref=embed_post

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.