Мицкоски против Ковачевски КАКО НОСИТЕЛИ ВО ПРВАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

На парламентарните избори кои ќе се одржат во мај во првата изборна единица ќе се „судрат“ лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Мицкоски пред повеќе од еден месец во интервју за Република изјави дека ќе биде носител изборната единица 1.

-Јас сум роден во Скопје, тука сум израснат, живеам во општина Карпош, општина Карпош е дел од изборната единица 1 и логично е тоа да биде практично единицата во која што би ја предводил листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Мицкоски.

Денеска и Ковачевски најави дека ќе биде носител на листата на СДСМ во истата изборна единица.

Ковачевски смета дека на претседателските избори ќе победи претседателскиот кандидат предложен од владеачката коалиција, а воедно најави дека ќе биде носител во првата изборна единица на парламентарните избори.

 За останатите одлуки и предлози за изборите, Ковачевски изјави дека допрва треба да се одлучи.