Митева: Власта со новото поскапување на струјата удира врз граѓаните и компаниите, новата давачка е нов грабеж
Нова давачка за граѓаните доаѓа од старите добро познати умови на Регулаторна комисија за енергетика. Мислителите од оваа комисија ќе го изберат и најбизраниот начин само за да ги зголемат сметките за струја на граѓаните, со досега невидено објаснување, рече на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Хронологијата на нивната лажна заложба е многу едноставна, и од година во година само проширена. Најпрво се фалеа и држеа прес конференции и ги манипулираа граѓаните дека од 1 декември ќе се врати евтината тарифа, иако такво нешто се уште немаат повеќе од 2/3 од домаќинствата.
Потоа, Бислимовски се обиде да се оправда па кажа дека бенефитот од евтината тарифа ќе биде од 1 јануари. Но, видовме дека вчера пропадна и таа лага. Бенефит нема да има ни од 1 јануари, бидејќи се воведува нова давачка, т.н. „пристап до мрежа„. Воведениот нов товар за граѓаните или т.н давачка за пристап до мрежа значи само едно – уште едно поскапување на грбот на граѓаните и компаниите.
Проблемот кој ќе се создаде е врз грбот на граѓаните кои живеат надвор од градовите, врз граѓаните и студентите кои живеат под кирија, затоа што токму на нив ќе падне товарот од сметката за струја од станот или куќата во која престојуваат, а е нечив втор имот, вели Митева и додава дека оваа давачка која власта ја нарекува пристап до мрежа од 250 денари месечно е удар и врз студентите, младите брачни парови кои живеат под кирија, земјоделците кои имаат куќа на село и стан во град.
– Дополнително, ова не е единственото зголемување на цената на струјата. Имено, ни се заканува уште поголем ценовен потрес поради зголемувањето на цената која државната ЕЛЕМ ја понудила кон универзалниот снабдувач за 1 мегават час енергија, а тоа е 57 евра , наместо досегашните 53 евра за мегават час.
Почитувани, СДС и ДУИ ја направија Македонија земја со уништени енергетски капацитети, држава која најлошо се справи со енергетската криза, без никакво домашно производство и потрошени милиони за набавки.Мизеријата е дотолку поголема што власта од наводна позитива оди во длабока негатива со политиките за помалку од еден месец. Секоја година, од 2018 до денес тие имаат иста приказна, народот посиромашен и со поскапи сметки, а власта на СДС и ДУИ со полни џебови.
Единствена добра вест е што ова е последната година кога овие луѓе ќе имаат можност да одлучуваат за било што и да носат штетни политики со високи давачки. Граѓаните на изборите во 2024 година ќе изберат промени за подобра иднина, истакна Митева.