Иванов открива колку милиони евра се платени за промена на името Македонија (ВИДЕО)

Поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов открива колку милиони евра се платени за промена на името на Македонија.

Темата се отвори на дебата на Советот на амбасадори и Кабинетот на Иванов кои денеска организираа амбасадорска трибина за “Светот по Хенри Кисинџер – геополитички предизвици“.

Покрај поранешниот претседател на Република Македонија (2009 – 2019), на дебатата учествува и екс амбасадорот Ѓорѓи Филипов кој е претседател на Советот на амбасадори.

Дебатата за Кисинџер ја модерираше амбасадорот Ивица Боцевски, а присутни беа десетици активни и поранешни дипломати.

Македонија го смени името за 150 милиони евра, посочи претседателот Иванов.

Поранешниот македонски претседател Ѓорѓе Иванов кој на едно од ретките појавувања во јавноста, проговори и за условите под кои било сменето нашето уставно име.