Анкета на „Евростат“: Македонија на 50 отсто од европскиот просек по куповната моќ
Нивото на вистинска индивидуална потрошувачка (AIC) во Европската Унија во 2022 година покажува значителни разлики. Користена како мерка за материјалната благосостојба на домаќинствата, AIC по глава на жител изразена во стандардите за куповна моќ (ППС) варира од 69 проценти до 138 отсто од просекот на ЕУ низ земјите на ЕУ.
Според информациите што ги објави Евростат, Македонија е на 50 проценти од просекот на ЕУ, а од регионот полоши се само Албанија и Босна и Херцеговина 41 отсто или 59 проценти под просекот во ЕУ. Србија е на 53 проценти или 47 под, а Црна Гора на 63 отсто или 37 проценти под европскиот просек.
Во рамки на ЕУ, највисоко ниво има Луксембург 38 проценти или над европскиот просек, а најниско Бугарија со 31 процент под европскиот просек.
Како и во претходните години, Луксембург забележа највисоко ниво на AIC по глава на жител во ЕУ со 38 проценти над просекот на ЕУ, следен од Австрија и Германија и двете по 18 отсто, Холандија 16 проценти и Белгија 15 отсто над европскиот просек. Во 2022 година, девет земји на ЕУ забележаа AIC по глава на жител над просекот на ЕУ.
Најниски нивоа на AIC по глава на жител меѓу земјите од ЕУ се регистрирани во Бугарија 31 процент под просекот на ЕУ, Унгарија 29 отсто подолу, Хрватска и Летонија и двете 24 проценти подолу и Словачка 23 отсто под просекот на ЕУ.
Во текот на последните три години, AIC по глава на жител во однос на просекот на ЕУ бележи промени во повеќето земји на ЕУ. Помеѓу 2020 и 2022 година, нивоата на AIC се зголемија во 18 земји на ЕУ, особено во Бугарија (69% од просекот на ЕУ во 2022 година во споредба со 60% во 2020 година), Хрватска (76% наспроти 69%), Романија (86% наспроти 81%) ), и Ирска (94% наспроти 89%).
Спротивно на тоа, нивоата на AIC бележат намалување во седум земји од ЕУ. Најголеми намалувања се забележани во Данска (110% во 2022 година наспроти 121% во 2020 година), Германија (118% наспроти 124%) и Финска (109% наспроти 114%).