На „Рекорд“ падна цел блок од фасада, две деца со трчање се спасија

Преку уникатниот број за итни случаи 112 било пријавено дека паднал дел од фасадата и можна е опасност да падне и останатиот дел во Центар, Скопје. Другиот дел од фасадите, најлошиот од зградите, е непознат, но секако е потенцијална опасност за минувачите. За среќа, никој не е повреден.

Регионалната ЦУЦ Скопје веднаш ќе ја извести општина Центар за понатамошни постапки за следење, согласно оперативните процедури за вакви настани.Настанот, согласно информациите од дежурните во Секторот за операции и координација, конкретно се случил на ул. ,,Димитрие Чуповски” кај ,,Табако Жак Мар” во близина на Министерство за правда.

Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фададата која почнала да паѓа.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.