Владиката Петар прифаќа име: Охридска архиепископија-црква на Северна Македонија?????

Со радост го очекуваме томосот од Вселенската патријаршија, но доколку е безусловен, зашто најголем проблем е условувањето за името на нашата црква да не го создржела зборот Македонија или каква било изведенка од името Македонија и да им ја предаме јуриздикцијата на дијаспората нив, истакна владиката Петар во интервју на ТВ 24, говорејќи за барањата содржани во синодалниот акт на Вселенската патријаршија од 9-ти мај 2022 година со кој се прима МПЦ-ОА во евхаристиско единство.

„Условите се следните. „Ерга омнес“ само Охридска архиепископија секаде да употребуваме. Да се обезличиме. Да не го спомнуваме името во никој контекст, Македонија, македонска или каква било изведенка од него. И да ја дадеме дијаспората. Од тоа ништо не е прифатливо за сиот македонски народ свештенството наше, за монасите, освен за предавниците. Ете, нека не признаат како Охридска архиепископија, Јустинијана прва, како што е титулата на нашиот архиепископ и наместо Македонска православна црква, нека се додаде името како што е нашата држава во Обединетите нации. Нема никаков проблем за тоа признавање“,објаснува г. Петар.

Ги негира наводите во синодалниот акт на Вселенската патријаршија дека некој со мастило и хартија презел обврска дека овие услови ќе бидат исполнети и бара писмен доказ за тој некој кој го направил тоа и дека во никој случај тоа не е синодот на македонската православна црква Охридска архиепископија.

Околу важноста на томосот од СПЦ во услови кога вселенската патријаршија сеуште не издала томос, владиката Петар упати на тоа кој се може да преговара со вселенската патријаршија и кој иако не може, го прави тоа.

„Имаме Комисија и таа треба да ги води. Но, де факто тоа не е така. Дури и во изјави на Вселенскиот патријарх дека некој си игумен, викарен епископ бил заслужен за тоа што ја симнале нашата шизма. А ние 30 години водиме разговори. А тој наједнаш успел во тоа. Се сомневам дека токму тој акт е правен со тие луѓе“,објаснува тој.
Г. Петар нема сомнеж дека МПЦ-ОА е веќе со автокефален статус.

Статусот врз основа на томосот ос Српската православна црква досега го имаат прифатено осум, од вкупно 15 православни цркви. Отсуствува признанието на црквите со грчки предзнак.

Владиката Петар ги отфрли како неточни тврдењата на дел од јавноста дека поради тоа што МПЦ-ОА не ја признала православната црква на Украина за која томосот го издаде Вселенската патријаршија, дека е повод за одолговлекувањето на доделувањето на томосот за автокефалност на нашата црква од страна на Фанар.
Тоа прашање рече, владиката Петар, било надминато уште минатата година при сослужувањето за Духовден со владиците на Вселенската патријаршија дека тоа ќе го направат откако ќе го направат прво сите автокефални цркви.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.